Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер изјави дека му е мило што Алексис Санчез потпиша за Интер, бидејќи на „Олд трафорд“ не се чувствува пријатно, а „Џузепе Меаца“ е шанса да ја врати старата форма и да ја спаси кариерата.
„Алексис мораше да замине. Тоа му беше потребно. Знаеме дека за него не беше добро во Јунајтед. Потребен му е рестарт, да игра константно и да постигнува голови. Мислам дека овој потег е добар за сите. Моравме да донесеме таква одлука. Јас верувам во Марсијал, Рашфорд и Гринвуд“, изјави Солскјер.
Санчез во Интер замина на едногодишна позајмица, оставајќи ги зад себе очајните 18 месеци поминати во дресот на „црвените-ѓаволи“, каде успеа да постигне само три гола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА