Солскјер: Санчо е тука за следните 15 години, ќе се поправи…

Џејдон Санчо ова лето пристигна во редовите на Манчестер Јунајтед како огромно засилување од редовите на Борусија Дортмунд за 85 милиони евра, но англискиот репрезентативец се мачи да се прилагоди во својата татковина.

Со тоа младиот играч наиде на сериозни критики од јавноста, а сега тренерот на „црвените ѓаволи“, Оле Гунар Солскјер застана во одбрана на својот играч за кој вели дека е доведен на долгорочни патеки.

„Џејдон Санчо ќе се поправи сигурен сум во тоа. Го потпишавме бидејќи во него гледаме врвен напаѓач за следните 10, 12, 15 години и ништо не може да ни ги промени погледите. Разберете тој е млад играч. Има само 21 година. Сигурен сум дека ќе биде подобар во иднина само му треба малку време да се прилагоди“, изјави норвешкиот стратег.

Се вчитува...