Солскјер стравува од Џеко: Секоја топка во казнениот простор е опасна…

Манчестер Јунајтед без многу проблеми успеа да се пласира во полуфиналето на Лига Европа. „Црвените ѓаволи“ во двомечот против Гранада два пати славеа со 2-0, со што го осигураа своето место во следната фаза на натпреварувањето каде за противник ќе ја имаат италијанската Рома, која славеше над Ајакс со вкупен резултат 3-2 (2-1, 1-1).

По натпреварот тренерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер изјави дека и покрај тоа што не ја знае играта на Рома оваа сезона, знае која е најголемата опасност.

„Не ја гледав премногу Рома. Знам дека против Ајакс одиграа два добри натпревари. Играат добро во одбраната, како и сите други италијански екипи. Сите го знаеме Един Џеко, па секоја топка во казнениот простор ќе биде опасна. Се радуваме на натпреварите, се пласиравме во полуфиналето. Рома е клуб со богата историја, но и претходно имавме добри резултати против италијански тимови. Се надевам дека ќе дојдеме до финале. Доколку ја завршиме сезоната со пехар, тоа би било сјајно“, изјави по мечот тренерот на клубот од Манчестер.

 

Се вчитува...