Оле Гунар Солскјер тргнува амбициозно во потрагата по нови засилувања за Манчестер Јунајтед, а високо на листата со желби на норвешкиот стратег е и младинскиот шпански репрезентативец Дани Олмо. Овој фудбалер имаше извонредна сезона со Динамо Загреб, предводејќи го овој тим до одличен пласман во нокаут фазата од Лигата на Европа.
Олмо беше „пикиран“ од бројни европски клубови и во пресрет на летото, а неговата цена дополнително скокна откако овој фудбалер беше меѓу најзаслужните што Шпанија стана европски младински првак, постигнувајќи и прекрасен погодок во големото финале против Германија. Милан се обидува да го доведе Олмо во своите редови, „росонерите“ се предалеку од сумата од 40 милиони евра што ја бара Динамо, а токму тука на сцена стапува Манчестер Јунајтед.
Премиерлигашот е во потрага по врвен играч за врска, а Солскјер во недостиг на атрактивно име од самата елита е подготвен да ризикува со млад „бисер“ каков што е Олмо, кому би му дал и голема слобода во играта.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА