Солскјер: Трката за шампион на Англија ќе биде отворена до самиот крај

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер истакнува дека неговиот тим е подготвен да се вклучи уште повеќе во борбата за титулата отколку минатата сезона.

„Црвените ѓаволи“ го завршија натпреварувањето на второто место на табелата во Премиер лигата, но реално тие никогаш сериозно не му се заканија на градскиот ривал во претходната сезона, кој убедливо стигна до третата титула во последните четири сезони.

Манчестер Сити и оваа сезона ќе биде првиот фаворит за освојување на Премиер лигата, но од „Олд Трафорд“ веруваат дека овој пат трката ќе биде многу понеизвесна.

„Оваа сезона ќе биде една од најсилните во историјата на Премиер лигата. Борбата за титулата ќе биде многу поотворена. Се разбира, Сити и Ливерпул доминираа претходните години, но чувствувам дека ние и Челси сме на добар пат да бидеме нивни вистински предизвикувачи. Забележувате дека почнаа да се трошат многу пари и секој што сака да успее мора да ги следи овие предизвици“, заклучи Оле Гунар.

 

 

 

Се вчитува...