Солскјер удри по ѕвездите: Погледнете колку бевте очајни со Евертон

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед имале голема кавга во соблекувалната која претходела на казненото гледање видео од срамниот пораз од Eвертон од 4-0 на кое ги принудил менаџерот Оле Гунар Солскјер.

„Дејли Меил“ тврди дека се слушале силни викотници и играчите се обвинувале меѓусебе се додека не се појавил Солскјер кој не им дозволил да зборуваат. Зборувал само тој и дел од членовите на неговиот тим. Ова го признава и Погба кој во интервју раскажа дека сите молчеле, а зборувал само менаџерот. Во Јунајтед имало и експресен состанок на кој биле разгледувани сите промени кои треба да бидат направени претстојното лето.

Дел од инсајдерските информации пак велат дека атмосферата во клубот не била подобра во однос на перидот на најголемата криза со Мурињо.

Манчестер Јунајтед е на шестата позиција на табелата со три бода помалку од Челси кој е на четвртото место, последно кое води во Лигата на шампионите следната сезона.

 

 

 

Се вчитува...