Солзи, емоции и рекорд… Гробари со величенствено испраќање на легендарниот Милојевиќ (ФОТО+ВИДЕО)

Кошаркарите и стручните штабови на Партизан и Мега, пријателите, роднините и 23.021 навивачи денеска приредија величенствено испраќање на прерано починатиот легендарен кошаркар, а подоцна и тренер Дејан Милојевиќ во другиот свет.

Во емотивниот натпревар до победа од 112-80 стигна Партизан, но резултатот беше во втор план во „Штарк Арената“ каде беше поставен и нов рекорд на посетенсот во АБА натпревар. Сцените од натпреварот на кој имаше солзи на трибините и теренот ги преплавија социјалните мрежи, а и самата АБА лигата постави видео од поголемиот дел од последниот поздрав со Милојевиќ.

Се вчитува...