Солзи, емоции, овации од „Камп Ноу“ за Пике…, Барса го испрати со триумф над Алмерија (ВИДЕО)

Барселона ја победи Алмерија во 13. коло од Ла Лига во емотивен меч во кој се беше во знакот на збогувањето со една од легендите на клубот, Жерард Пике кој пензионирајќи се го одигра последниот натпревар за Каталонците.

По полувреме без голови, откако Левандовски уште во 7. минута не реализираше пенал, Барса до предноста дојде со голот на Дембеле во 48. минута.

 

Конечните 2-0 ги постави Де Јонг во 62. минута од средбата.

Вистинска ерупција на емоции се случи во 84. минута кога „Камп Ноу“ со солзи и овации го испрати Жерард Пике. Легендата на клубот беше заменет, а испратен со долги аплаузи од преполниот стадион… Тешки моменти за Пике кој неочекувано се одлучи да се пензионира.

 

Се вчитува...