Солзи и овации: Гаел Монфис го одигра последниот меч во Австралија (ВИДЕО)

Францускиот тенисер Гаел Монфис го одигра последниот меч на првиот грен-слем во сезоната – Австралија Опен во кој претрпе пораз од домашниот тенисер Дејн Свини.

Трисетидеветгодишникот најави заминување во пензија со крајот на сезоната па доби фантастично испраќање од стана на австралијанските навивачи.

„Моето патување започна во 2003 година со вас луѓе. Тогаш дојдов тука за прв пат. Сега е 2026 година и ова е некоја врста на мојата зацртана цел. Ви благодарам на незаборавното „возење“. Бевте неверојатни и ви благодарам за тоа.

Имам фантастични спомени тука, водев многу големи битки. Дури и денеска, речиси четири часа“, изјави Монфис па му се обрати на противникот и неговиот тим.

„Момци, завршивте неверојатна работа, на мрежа беше спектакуларно, дечкото има срце. Ти посакувам среќа бидејќи си многу добар, вау, фантастично. Со среќа“

Се вчитува...