Лионел Меси на полноќ помеѓу четврток и петок ќе го одигра последниот натпревар пред домашната аргентинска публика. Дуелот против Венецуела во квалфикациите за Светското првенство за 38-годишникот ќе биде 193. настап во дресот на „гаучосите“ и воедно последен во Буенос Аирес.
Судејќи по пресконференцијата за медиуми не очекува еден емотивен и тажен натпревар за кој говореше и селекторот Лионел Скалони кој не успеа да ги сопре солзите по новинарско прашање дали настапот заедно со Меси на теренот, а сега и како дел од стручниот штаб му е најдобро нешто во животот.
„Да го делиш теренот со него, да му ја додаваш топката и да имаш заедништво со него е нешто неверојатно. Возбудливо е да поделиш освојување на Светско првенство со Лео. Тоа што ќе се случи следно ќе биде многу возбудливо. А, ако навистина му е последен натпревар, ќе се погрижам да одигра уште еден натпревар во нашата татковина. Мора да уживате во тоа, јас така велам“, изјави селекторот на Аргентина.
Скалони доби ново прашање, но го прекина новинарот покажувајќи на тој кој го постави првото прашање велејќи „Тој плаче“, а одговорот на новинарот „Ми ја пруживте најголемата радост во животот“ го расплака и Скалони.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

