Солзи радосници, неверица, еуфорија на Гибралтарците по првата победа во историјата

Солзи радосници, неверица но и низ еуфорична радост Гибралтарците ја прославија сензационалната победа од 0-1 на гостувањето против Ерменија во Ереван во 3. коло од Д лигата во УЕФА Лигата на нации.

Ова е прва победа за Гибралтар во историјата на еден официјален натпревар под капата на УЕФА и ФИФА. Гибралтарците досега имаа само 22 порази на официјалните натпреварување под капата на УЕФА, за да сега стигнат до првиот триумф. Претходно имаат и само една победа против Летонија од 1-0 на пријателски натпревар.

Сега со голот на Чиполина од пенал во 51. минута дојдоа до триумфот во Ереван и отворајќи сериозен пат за Македонија за првото место во групата….

Се вчитува...