Солзите болат најмногу: Ниту „Сер Боби“ не можеше да ги смири момците (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Нескротлива тага меѓу младите македонски репрезентативци по несреќниот пораз од Шпанија во квалификациите за пласман на ЕП 2020.

Македонија заслужи бод со една од најдобрите светски селекции, но Димитар Митровски не реализираше пенал во 87. минута кој за нас ќе значеше реми со Шпанците. Токму Митровски, очекувано беше најтажниот меѓу фудбалерите по крајот на мечот натопен во солзи. Ниту селекторот Боби Милевски не успеа да ја смири неговата тага, но ниту солзите на Никола Серафимов, Тодоровски и капитенот Руфати…

 

Се вчитува...