Солзите на легендата по трофејот на Флуминенсе го обиколија светот: Јас сум шампион на Копа Либертадорес… (ВИДЕО)

Вистинска драма се случуваше синоќа на „Маракана“ во Рио де Жанеиро во финалето на Копа Либертадорес. Онака како што се очекуваше во крајно драматичен меч на крај по продолженија славеше бразилски Флуминенсе со 2-1 против аргентинската Бока јуниорс за свој прв трофеј во јужноамериканската Лига на шампиони.

Неверојатениот натпревар беше одлучен во продолженијата со голот на Џон Кенеди во 99. минута за ерупција на „Маракана“.

Во тие моменти на клупата на Флуминенсе како мало дете заплака 35-годишната бразилска легенда Марсело кој сега игра за Флуминенсе, а од игра излезе во 80. минута од средбата. Очигледно по голот на Кенеди сфати дека тој гол е победнички и дека повеќе нема шанси неговиот тим да загуби.

Марсело пред седум месеци се врати во тимот во кој израсна. Силно го посакуваше трофејот во Копа Либертадорес и на крај го исполни ветеното од пред седум месеци.

„Многу сум емоционален затоа што се вратив дома. Се радувам што ќе играм Копа Либертадорес и што на крај ќе го понесеме трофејот“ – изјави уште тогаш Марсело, па синоќа со трофејот во раце трчаше и викаше по теренот:

„Јас сум шампион на Копа Либертадорес!“

Се вчитува...