Солзите и радоста на најмалиот фан на Кими Раиконен, 6-годишниот Томас од францускиот Амиен станаа главна вест во светските медиуми од денешната Ф1 трка во Барселона на ГН на Шпанија.
Кога Кими Раиконен излета од патеката уште во првиот круг на трката во Барселона, детето горко се расплака на трибините. Камерите ја фатија трогателната сцена од трибините на патеката „Каталуња“ како малиот Томас плаче за својот идол во прегратка на своите родители. Но, реакцијата од Ферари потоа беше одлична.
Од италијанскиот тим го повикаа малиот фан на Раиконен во боксот на Ферари и му овозможија да се сретне со својот идол. На лицето на малиот Томас одново се врати насмевката кога го виде Кими Раиконен, но на Финецот не му беше многу до смеење по разочарувањето на патеката.
„Не е убаво да се заврши трката по првата кривина“, му рече малиот фан на Кими Раиконен.
За Финецот трката во Барселона траеше многу кратко. Уште во првиот круг по судирот со возачот на Ред Бул, Марк Ферстапен, Раиконен го паркира болидот покрај патеката и остатокот од трката го проследи од боксот на Ферари, а, таму го запозна малиот Томас и неговото семејство.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА