Тотенхем и Њукасл одиграа пријателски меч во Сеул што ќе остане запаметен како последен натпревар што легендарниот Хеунг-Мин го одигра во дресот на „спарси“.
Лондонскиот клуб уште пред еден месец ја најави разделбата од легендата, со напомена дека Сон нема да може да си замине до азиската турнеја, се со цел тој да се збогува од Тотенхем во својата родна Јужна Кореја. Токму тоа го направи денешното збогување уште поемотивно, пред илјадници фанови тој беше повлечен од игра, а фудбалерите на двата тима му направија шпалир, во знак на почит за сето оан што Сон го направи во последните десет години во кои настапуваше во Премиер-лигата.
Следна дестинација на извонредниот крилен офанзивец ќе биде американската МЛС-лига, каде Сон ќе го облече дресот на Лос Анџелес ФЦ.
🚨 Heung-Min Son has played his last match at Tottenham: a legend at the club! 🇰🇷🥹
(🎥 @CBSSportsGolazo) pic.twitter.com/M6SgLjgYM3
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) August 3, 2025
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

