Сомбор ќе почека: Јокиќ лудува во Лас Вегас (видео)

Никола Јокиќ веднаш по освоената титула во НБА-лигата изјави дека сака што поскоро да се врати дома во родниот Сомбор, но како што почнаа шампионските забави, така Србинот го одложува својот камбек во татковината.

Тој најпрвин уживаше во шампионската парада низ улиците на Денвер, по што Јокиќ со остатокот од тимот замина на „нова рунда прослава“, овојпат во Лас Вегас.

Американските медиуми објавија видео од забавата во која НБА-шампионите уживаа во дискотеката „Хакасан“, во која Јокиќ и неговите тимски колеги знаеја како да го прослават извонредниот успех…

Се вчитува...