Тотенхем има водство од 1-0 на полувремето против Јувентус на реванш осминафиналниот меч во Лигата на шампионите што се игра на „Вембли“. Јужнокореецот Сон Хјонг – Мин во 39.минута успеа да го доведе англискиот тим во водство и да ја материјализира подобрата игра во првиот дел. Првиот дуел во Торино заврши 2-2.
Претходно, одлични шанси имаше и Хари Кејн, а имаше и два сомнителни моменти, по една за двата тима. Не беше досуден пенал за Тотенхем откако Кјелини играше со рака во шеснаесетникот, а на спротивната страна беше соборен Даглас Коста, но судијата не се огласи.
На „Етихад“ е поопуштено, со оглед дека Манчестер сити има огромна предност (4-0). Но, и на реваншот е ефикасно, 1-1 по првиот дел. Габриел Хесус во осмата минута ги доведе „граѓаните“ во водство, а израмни Мохамед Елјонуси девет минути подоцна.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА