Тотенхем го продолжи победничкиот чекор во Премиер – лигата, совладувајќи го на гости Бурнемаут со 1-4. Хари Кејн се повреди во текот на мечот, меѓутоа Деле Али и Сон Хјонг – Мин донесоа триумф за „спарси“.
Домашниот тим прв поведе преку Станислас кој погоди во седмата минута, но Деле Али не дозволи Бурнемаут да замине со предност на полувремето.
Во вториот дел, Сон Хјонг – Мин со два гола го скрши отпорот на Бурнемаут, стрелајќи во 62. и во 87.минута, а Серж Орие во судиското продолжение го постави конечниот резултат на овој дуел.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА