„Сон не престанува да плаче, никој не може да го смири“

Сон Хеунг Мин доби црвен картон на денешниот дуел со Евертон поради грубиот старт по кој Андре Гомеш се здоби со скршеница на ногата. Кореецот веднаш штом го виде резултатот од стартот беше во шок, држејќи се за глава на теренот пред да му биде покажан патот кон соблекувалните.

Од таборот на „спарси“ откриваат дека брзоногиот офанзивец не можел да се смири ниту по натпреварот.

„Не можев да гледам што му се случи на Гомеш, знам дека е лошо и искрено му посакувам што побрзо да се врати на терените. Се упатив кон соблекувалната, а таму Сон беше во агонија, не престануваше да плаче и никој не можеше да го смири. Ова не е негова вина, не сакате да му се случи на било кој професионален спортист“ – изјави Деле Али.

Во одбрана на својот фудбалер застана и стратегот Маурицио Покетино.

„Фудбалот е најмалку важен во моментов, сите сме потресени од она што се случи. Му посакувам се најдобро на Андре Гомеш. Сон е потресен, не можевме да го смириме. Но, сакам да биде јасно дека не постоеше никаква намера, целата случка е крајно несреќен сплет на околности“ – истакна Покетино.

Се вчитува...