Сон од Тотенхем – најдобар фудбалер на Азија

Крилниот напаѓач на Тотенхем, Хјон – Мин Сон, е избран за најдобар фудбалер на Азија за 2017 година. Репрезентативецот на Јужна Кореја, кој го носи дресот на англискиот премиерлигаш Тотенхем, го доби ова ласкаво признание пред Арон Мој (Австралија) од Хадерсфилд и пред Шинџи Кагава (Јапонија) од Борусија Дортмунд. 25-годишниот играч имаше одлични настапи за Тотенхем во 2017 година и минатата сезона постигна 14 гола во Премиер – лигата.

Напаѓачот исто така имаше успеси и со репрезентацијата на Јужна Кореја, која деветти пат последователно се пласираше на мундијал. Напаѓачот Омад Крибин (Сирија) од Ал Хилал е избран за најдобар фудбалер во азиската Лига на шампиони, а Такафуми Хори од Урава е најдобар тренер за изминатата 2017 година.

Се вчитува...