Корејскиот интернационалец Сон по десет години го напушта Тотенхем и кариерата ќе ја продолжи во МЛС франшизата на Лос Анѓелес ФК.
Тој во емотивно видео се прости од навивачите на клубот на кои во минатата декада им даде се, а беше дел и од најголемите успеси на клубот (финалето на ЛШ во 2019 година и освојувањето на трофејот во Лигата на Европа минатата сезона).
„До сите фанови на Тотенхем ова е најтешката одлука во мојот живот. Заминувам од Тотенхем, клуб на кого му дадов се. Знам дека ви звучи изненадувачки и тешко, бидејќи дадов се, но сметам дека ми треба ново поглавје во животот. Немојте да сте разочарани, бидејќи јас ќе бидам разочаран кога ќе ве гледам на теренот. Ќе бидам секогаш дел од вашата историја. Тотенхем секогаш ќе биде во моите мисли. Дојдов тука како дете и ми дадовте се. Довидување и ве сакам многу. Ви благодарам многу за овие прекрасни десет години“, изјави Сон.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

