Сон паднал во депресија, нема да игра против Црвена Звезда во ЛШ?

Корејскиот интернационалец Сон Хјонг-мин не може да се помири со фактот дека со несреќен лизгачки старт придонесе за сериозната повреда на фудбалерот на Евертон, Андре Гомеш, кој заработи скршеница на ногата. Тој паднал во депресија и многу веројатно нема да биде дел од тимот на Тотенхем за гостувањето во Белград и дуелот против Црвена Звезда во ЛШ.

Конечната одлука сепак ќе ја донесе менаџерот Маурисио Покетино до крајот на денот, откако ќе има разговори и со фудбалерот. Неизвесен е и настапот на Хари Кејн кој поради болест го пропушти вчерашниот меч против Евертон, а во Белград нема да патува ниту Ерик Ламела кој е повреден.

Се вчитува...