Фудбалерот на Тотенхем, Хеунг-мин Сон, вели дека одлично се согласува со Герет Бејл и дека е среќен поради извонредната игра на Велшанецот во Лигата на Европа. Во триумфот од 4-1 над Волфсбергер на гостински терен, Бејл погоди и асистираше на Сон за првиот погодок.
Герет Бејл често се наоѓа на клупата за резервни играчи, но синоќа доби шанса од Жозе Мурињо, па репрезентативецот на Велс ја искористи на најдобар можен начин.
„Ние сме многу блиски со Бејл. Среќен сум што тој доби минутажата на теренот и што ги искористи минутите за да понуди одлична игра, зачинета со гол и асистенција. Навистина уживам да играм со него“, рече 28-годишниот Кореец.
Натпреварот се играше во Будимпешта на „Арената Пушкаш“, а само за потсетување, Сон ја освои наградата „Пушкаш“ за најдобар гол во 2020 година.
„Беше голема чест, играњето на тој стадион беше посебно. Поважно од тоа мое чувство е победата на мојот тим. Мило ми е што од старт покажавме дека сакаме да победиме, и не само со 1-0 или 2-0. Имавме вистински став и постигнавме три гола на полувреме“, заклучи Сон.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА