Сон во небрано: Титула во Азија или две години војска!

Асот на Тотенхем, Сон Хеунг- Мин, се наоѓа во крајно непријатна ситуација – мора да освои злато на претстојните Азиски Игри, за да избегне отслужување на воениот рок, што во Јужна Кореја е со времетраење од две години, обврска што мора да се исполни до 27-годишна возраст.

Сон неодамна потпиша нов договор со „спарси“, но истиот би можел да биде ставен во мирување доколку напаѓачот мора да се врати во татковината. Според законите на Јужна Кореја, спортистите ја избегнуваат оваа обврска во неколку опции, ако се пласираат во втората фаза од фудбалски мундијал, доколку стигнат до олимписки медал или пак до златно одличје на Азиските Игри. Токму поради ова Сон ќе настапи како засилување за селекцијата на Кореја до 23 години, во обид да се закити со златен медал и да може да ја продолжи кариерата во Премиер-лигата.

„Со оглед на возраста, како и неуспехот на последниот Мундијал во Русија, ова е последна шанса за Сон да избегне да оди во војска. Правилата се јасни и во оваа земја децидно се почитуваат, па фудбалерот ќе нема друг избор“ – известуваат британските медиуми.

Јужна Кореја се наоѓа во група со Малезија, Киргистан и Бахреин и важи за главен фаворит за првото место, но потоа ќе има многу потешка задача да стигне до златниот медал.

Се вчитува...