Португалските тренери Хорхе Жесус и Серхио Консеисао се најсериозни кандидати за преземање на клупата на Ал Наср, каде што игра Кристијан Роналдо. Вчера тимот остана без тренер, откако Стефано Пиоли доби отказ.
Хорхе Жесус веќе има искуство со водење на клуб од Саудиската про лига, откако го предводеше тимот на Ал-Хилал.
Консеисао, пак, е без работа откако беше отпуштен од тимот на Милан по завршувањето на сзоната, а на негово место беше назначен Масимилијано Алегри. Претходно Консеисао го водеше тимот на Порто.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

