Никола Топиќ има само 22 години, но зад себе и тешка животна и кошаркарска приказна откако младиот Србин веднаш по доаѓањето во НБА заработи тешка повреда на коленото, а потоа пред стартот на оваа сезона му беше дијагностициран и канцер на тестисите.
Големиот талент успеа да излезе како победник и од оваа тешка битка, за рано утрово да му се исполни големиот сон – да дебитира во НБА-лигата.
Откако мината седмица одигра два меча во развојната Џи-лига, Топиќ вечерва заигра и за првиот тим на Оклахома Сити тандер, настапувајќи на домашниот дуел со Милвоки. Неговото влегување во игра беше проследено со овации од соиграчите и сите присутни во арената, а младиот Србин мина на теренот 12 минути, реализирајќи 2 поени, 1 скок и 1 асистенција.
Сепак, овој настап беше многу повеќе од статистички бројки, а Топиќ заслужено се најде во центарот на кошаркарската јавност…
The amazing story of Nikola Topić.
He was diagnosed with testicular cancer in October last year.
Now, four months later, he receives a standing ovation as he makes his NBA debut. pic.twitter.com/qmM1KRv9GK
— NBA on Prime (@NBAonPrime) February 13, 2026
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

