Португалскиот фудбалер Жоао Феликс како мал сонувал да игра за Барселона, и вечерва таа желба му се исполни. Каталонскиот тим постигна договор со Атлетико Мадрид за позајмица на напаѓачот на една сезона, без опција да го откупи неговиот договор.
Феликс за 120 милиони евра дојде во Атлетико од Бенфика, но не ги оправда очекувањата на „јорганџиите“. Минатата сезона беше испратен на позајмица во Челси, кој се реши да не го откупи неговиот договор.
Барселона го даде денеска Ансу Фати на Брајтон, а на негово место го зема Феликс. Се очекува во Барселона да дојде и неговиот соиграч од репрезентацијата, Жоао Кансело.
His dream came true 😏 pic.twitter.com/oiEvrXlDkz
— FC Barcelona (@FCBarcelona) September 1, 2023
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

