Тренерот на ПСВ Ајндховен и поранешен голгетер на Манчестер Јунајтед, Руд ван Нистелрој откри дека поранешниот напаѓач на неговиот тим Коди Гакпо сонувал да се пресели на „Олд Трафорд“.
Јунајтед не реагираше навремено во зимскиот преоден рок и Холанѓанецот стана играч на Ливерпул.
„Сонот на Гакпо беше да се пресели во Манчестер Јунајтед. Тој е во контакт со Тен Хаг од август. Му предложив да почека до летото, но тој го отфрли мојот совет и го послуша Вирџил ван Дијк“, изјави Руд ван Нистелрој.
Ливерпул го објави трансферот на Гакпо на 3. јануари и потпиша со 23-годишниот напаѓач до јуни 2028 година. Коди Гакпо досега одигра шест натпревари за Ливерпул на кои не се запиша во листата на стрелци.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

