Од седмица во која можеше да заигра во еден од најдобрите светски клубови, и мирно да го дочека почетокот на Мундијалот, до пропаднат трансфер и знак прашалник дали ќе игра на Светското првенство. Тоа му се случува на напаѓачот Жан-Филип Матета, чиј сон за само неколку дена се претвори во кошмар.
Французинот два дена мина на лекарски прегледи во Милано, но специјалистите сметаат дека неговата повреда на коленото е сериозна и дека може да се влоши ако не замине на операција, и поради тоа целата работа е стопирана.
Сега се на потег лекарите на Кристал Палас, но и француската репрезентацијата. Јасно е дека Матета е дел од репрезентацијата на Франција, и дека ја има довербата кај Дидиер Дешамп, и се очекуваше тој да биде во авионот за Мундијалот.
Но, ако се одлучи дека ќе мора да оди на операција, тогаш „виси“ и настапот на Мундијалот, после пропаднатиот трансфер во Милан. Треба да се додаде дека конкуренцијата во нападот на Франција е огромна, така што покрај Матета, тука е пред се Мбапе, потоа Турам, Екитике, Дембеле, како и Олисе, Дуе, Баркола, така што е тешко да се верува дека ако оди на операција, Матета ќе се качи во францускиот авион за САД, Мексико и Канада.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

