Сонот за Мундијал се претвора во кошмар: Данска за една минута до 3-0 против Македонија (ВИДЕО)

ЕКИПА во Копенхаген, Данска
Владимир Булатовиќ

Сонот на Македонија за пласман на Мундијал полека исчезнуваат, откако Данска за само минута и пол дојде и до предност од 3-0 против Македонија. Исаксен за само 90 секунди постигна два гола, и така ги донесе Данците до одлична предност, од која веројатно ќе нема враќање.

Голот на Дамсгард во 49. минута беше само најава за она што ќе се случува во следните 10 минути. 

Така Дамстард му асистираше на Исаксен во 58. минута кој му избега на Херера, и стрелаше во мала мрежа за предност од 2-0. 

Македонија тргна од центарот, брзо ја загуби топката, па така најпрво шутираше Фрохолд, Димитриевски одбрани до Исаксен кој спроведе за предност од три гола на Данците. 

 

Се вчитува...