Сонуваат за Серија А: Италијански третолигаш добива стадион вреден 11 милиони евра (ВИДЕО)

Италијанскиот третолигаш Касертана најдоцна до 2029 година треба да добие нов, модерен стадион со капацитет од 16 илјади места. Според најавите тоа ќе биде прекрасен објект кој ќе биде сместен во центарот на градот кој има 74 илјади жители.

Фудбалскиот клуб Кастертана е основан во 1908 година, а и покрај тоа што најголемиот дел од историјата го помина во нисколигашките рангови со новонајавениот стадион јасно става дознаење дека планот за иднината е натпреварување во најелитниот ранг на италијанскиот фудбал.

Се вчитува...