Сообраќајка на Самуел Ето – автобус налетал на џипот на Камерунецот

Прославениот камерунски фудбалер Самуел Ето бил дел од тешка сообраќајка несреќа во татковината, објави ББЦ повикувајќи се на извори од оваа африканска држава.

Според овие информации, џипот на поранешниот ас на Барселона бил удрен од автобус додека Ето се возел низ реоног Нгонгсамба. Полицијата засега не дава повеќе детали за несреќата, ниту пак за сериозноста на повредите на поранешниот фудбалер, додека доволна потврда за сериозноста на судирот е фотографијата од оштетеното возило на Ето.

Според непотврдени информации, возило на брза помош експресно стигнало на местото на несреќата, шри што лекарите му укажале помош на Ето, но се уште е неизвесно дали тој потоа бил пренесен во болница.

Се вчитува...