Низ непосакувана драма мина експедицијата на Реал Мадрид при пристигнувањето во Германија за утрешниот натпревар против Лајпциг во осминафиналето од Лигата на шампионите.
„Кралеците“ слетаа во Ерфурт, поради штрајк на аеродромот во Лајпциг, но непосакувана беа дел од инцидент на автопатот А4 на пат кон Лајпциг.
Автомобил Тојота, губејќи контрола на автопатот, се судрил директно со автобусот во кој се превезувала експедицијата на Реал. Возачот на автомобилот не забележал кога автобусот ја менувал коловозната лента.
За среќа никој од таборот на Реал Мадрид не е повреден, а нема повредени и во автомобилот.
Real Madrid team bus ‘involved in crash’ on the way to Champions League tie https://t.co/K8v9xaaXfz pic.twitter.com/weFcQPJCk8
— Scottish Sun Sport (@scotsunsport) February 12, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА