Соопштени детали по тешката сообраќајка: Антонио е свесен, цели 45 минути бил заробен во уништеното возило!

Страшни вести одекнаа денеска од Премиерлигата. Ѕвездата на Вест Хем, Мајкл Антонио доживеа тешка сообраќајна несреќа, по која сега конечно соопштени и информации околу состојбата на голгетерот на тимот од Лондон.

Од Вест Хем потврдуваат дека Антонио е во стабилна состојба по сообраќајниот судир во Есекс попладнево.

„Мајкл е свесен, комуницира и моментално е под надзор на лекарите во болница во централен Лондон. Во овој тежок период, љубезно ги молиме сите да ја почитуваат приватноста на Мајкл и неговото семејство. Клубот нема да коментира повеќе денеска. Секако ќе објавиме дополнителни информации во догледно време“ – се вели во соопштението од клубот.

Како што инфомираат англиските медиуми, фудбалерот на Вест Хем бил заробен во својот автомобил цели 45 минути пред пожарникарите да го ослободат од тотално уништеното возило.

Се вчитува...