Сопругата го напаѓа дека не плаќа алиментација, а тој призна дека е геј – „Време е да се ослободам“!

Чешкиот репрезентативец Јакуб Јанкто изненади многумина со тоа што јавно призна дека е геј.

Јанкто е само еден од ретките фудбалери кои ја обелоденија својата сексуална ориентација.

„Јас сум хомосексуалец и не сакам повеќе да се кријам, сакам да го живеам животот слободно како и сите други. Без страв, без предрасуди, без насилство“, напиша тој на социјалните мрежи.

Овој 27-годишен фудбалер од врската со Маркета Отоманска го има тригодишниот син Давид. Таа врска заврши со развод во 2021 година, а по неговото признание се огласи и неговата поранешна партнерка.

И покрај тоа што заработува милиони од фудбалот, Јакуб не е редовен плаќач на алиментација. Маркета се пожалил дека плаќал само една сума алиментација за својот син. Поради ова, таа морала да побара помош од непрофитна организација за самохрани мајки.

„Тој му испрати на синот само 600 евра во изминатите пет месеци и тоа е само затоа што има судски налог. Тажно е и сите мои пријатели вртат со главата. Барам излез од оваа непријатна ситуација“, рече таа.

Се вчитува...