Сопругата на фудбалер на Ливерпул позира во танга и повикува на борба против ракот

Бен Дејвис досега играше во втора и трета англиска лига, а сега стана англиска фудбалска ѕвезда преку ноќ, бидејќи Клоп го донесе од Престон во Ливерпул. Медиумите во Англија најпрво открија дека пред извесно време тој продавал мебел преку реклами, а сега пишуваат и за неговата сопруга, која е актуелна поради тоа што со провокативни фотографии, таа е вклучена во кампања за кревање на свеста во борбата со ракот.

Аби Колвин е 23-годишна девојка со која Бен има два сина. Покрај тоа што редовно ги објавува своите привлечни фотографии на Инстаграм, неговата сопруга е тесно поврзана и со добротворни организации кои се борат против ракот.

„Адвокатка со секси тетоважи“, е името што веднаш и го дадоа локалните медиуми. Аби крена голема прашина, а вниманието на медиумите го привлече затоа што беше фотографирана во танга во име на борба против ракот на дојка.

 

 

Се вчитува...