Луис Хамилтон предизвика бура од реакции со коментарот по трката на „Силверстоун“, изразувајќи сомнеж дека судирот со Кими Раиконен е „тимска тактика“ на Ферари. Тој беше критикуван од актуелни и поранешни возачи, кои јасно му порачаа на Хамилтон дека треба да научи и да губи, но најжестоко по Британецот удри сопругата на Кими, Минту Раиконен.
„Ако плачеш како девојче секогаш кога ќе загубиш, оди на балет“ – му порача Минту Раиконен на Хамилтон.
Таа се надоврза на легендарниот Џеки Стјуарт, кој истакна дека Хамилтон треба да престане да се однесува како „мала балерина“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА