Сопругата на прославениот полски фудбалер Роберт Левандовски, Ана добила интересна понуда која не му се допаднала на напаѓачот на Барселона.
Поранешната каратистка имала шанса да настапи во ММА на понуда на Славомир Пешко, сопственикот на една од водечките организации за мешани боречки вештини – КСВ, но таа ја одбила понудата од почит кон својот сопруг.
„Бев на кафе со сопственикот на КСВ кој ми кажа дека треба да пробам нешто ново. По состанокот кој траеше околку еден час отидов дома, а Роберт веќе дознал од медиумите. Ме праша „Ана какви се овие написи?“. Не сакаше да се борам. Му кажав дека доколку не бев негова сопруга ќе прифатев. Тој нема да го поднесе тоа, но јас навистина сакам да пробам еден ден“, открива Ана.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

