Сопругата на Михајловиќ ги откри неговите последни моменти: Дури тогаш се откажа…

Сопругата на Синиша Михајловиќ, Аријана зборуваше за последните моменти на славниот српски фудбалер и тренер.

Синиша долго време се бореше со леукемија, но не успеа да се избори со злобната болест.

„Во последните месеци, лекарите веќе кажаа: Синиша нема да преживее. Го знаев тоа. Но, немав храброст да му кажам. Разговарав само со нашите пет деца. Никој друг. Дури ни со мајка ми. Заедно решивме да не му ја кажеме вистината. Не сакавме да му ја одземеме таа мала зрак надеж што го држеше во живот. Никогаш не нè праша ништо. Не сакаше да знае, не сакаше да се предаде. Продолжи да се бори до крај, бидејќи беше човек кој никогаш не го прифаќаше зборот „крај“. Една недела пред да нè напушти, ме погледна и рече: „Среќен сум. Те имам.“ Сакам да остарам со моите деца… Сакам многу внуци.“ Се чувствував како да умирам. Му одговорив со скршена насмевка: „Па, љубов, веќе имаме една внука. Не си ли среќен?“ А тој, со таа светлина во очите што ја видов илјада пати: „Сакам многу од нив. Сакам полна маса.“ Нашите деца беа во соседната соба. До мене беа неговата мајка, неговиот брат  неговиот најдобар пријател, мојата мајка.

Кога почувствував дека му се менува дишењето, знаев дека дојде моментот. Ги повикав децата. Се собравме околу него, во тишина. Го држев за рака. Го гледав како сè уште се бори, здивот му стануваше потежок и подолг. И потоа, со срце на парчиња, тивко му шепнав: „Оди љубов, не грижи се. Јас ќе се грижам за децата.“ Само тогаш се пушти. Само тогаш престана да се бори. Во тој момент, никој немаше храброст да плаче. Како солзите да се плашеа да го поздрават“, изјави Аријана. 

Се вчитува...