Првата ѕвезда на ЦСКА Москва Алексеј Швед беше претепан на 2. мај пред ресторан во Москва од навивачи на клубот по елиминацијата во полуфиналната серија во ВТБ лигата.
Поради тешки повреди на главата, фрактура на черепот и контузија на мозокот, Алексеј Швед е итно хоспитализиран и се наоѓа во болница. Излезе од интензивна нега, но неговата сопруга Анастасија Зијадитинова се уште стравува за неговиот живот.
„Мојот сопруг е во таква состојба што треба да направи повторно скенирање на главата во следните 10 до 14 дена. Има оток. Може да расте, но уште ништо не се знае, треба да лежи и да не се движи. Алексеј лежи неподвижен и му е бандажиран вратот. Во мозокот има воздух, кој исто така не излегол. Тоа е сериозна дијагноза. Тоа е само дел од она што е опасно. Алексеј сега не е на интензивна нега, но е во болница“, изјави Зијадитинова.
Полицијата ги идентификувала, а потоа ги уапсила напаѓачите на Алексеј Швед. Рускиот кошаркар бил удрен неколку пати, а по еден удар паднал на тротоарот и со глава удрил во работ од тротоарот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

