Навивачите на Јувентус упорно деновиве го истражуваат секоја детал поврзан со англискиот судија Мајкл Оливер кој во судиското продолжение досуди контроверзен пенал за Реал Мадрид со кој „кралевите“ го елиминираа Јувентус од четвртфиналето во ЛШ.
Па, така сериозно внимание привлече, меѓу другото, објавата на Твитер и на сопругата на англискиот судија, Луси Оливер од 2016 година… Таа со Мајкл по една посета на Мадрид ќе напише: „Го сакаме Мадрид“.
Loving Madrid ?? pic.twitter.com/O9cIK7BCDV
— Lucy Oliver (@LucyOliver_7) July 16, 2016
Секако, сега фановите на „Старата дама“ се одлучија токму на таа објава да нанижат серија коментари со жестоки навреди… Луси, инаку, и самата е фудбалски судија како и нејзиниот сопруг.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА