Сопругата на Рајковиќ ја откри вистината за шпекулациите за „љубовниот триаголник“ со Влаховиќ

Голем скандал ја тресе фудбалската репрезентација на Србија, откако медиумите од оваа земја излегоа со информација дека првата ѕвезда на репрезентацијата Душан Влаховиќ не игра на Мундијалот во Катар поради тоа што бил во романтична врска со сопругата на соиграчот Предраг Рајковиќ.

Сопругата на Предраг, Ана стигна во Катар како би ги демантирала сите овие објави. Таа се огласи по целата ситуација поврзана со целиот скандал…

„Луѓето тука многу си даваат за право да шират лаги и дезинформации или да се потсмеваат. И како сме откриле трач на животот. Додека жената со своето дете последните месеци ги поминува во болница и води важна битка. Срам да ви биде“, објави новинарка која е блиска до Ана. 

„Преживеавме и  полоши работи верувале или не. Им благодарам на сите новинари кои ме почитуваа и не објавија ништо за здравствената состојба на Тадија и останатите луѓе кои мислат дека е најдобро да се нападне ранет лав. Благодарам“, одговори Ана на коментарот на новинарката и така им се обрати на сите во врска со новонастанатата ситуација.

Се вчитува...