Евертон искажа сериозен интерес да го доведе Оливие Жиру во своите редови откако францускиот ас обелодени дека е незадоволен во Арсенал и најави свое заминување од таборот на „топчиите“. Сепак, Сем Алардајс денеска обелодени дека овој трансфер сигурно нема да се реализира, и тоа поради сопругата на Жиру, која не сака ни да чуе за заминување од Лондон.
„Точно е дека ние го сакаме Жиру, но тоа нема да се случи. Од она што јас го знам, тој нема да се пресели северно од Ватфорд, нема да си замине од Лондон. Тоа е став на неговата сопруга, што е многу важно за нив, за жените. Верувајте ми, тоа е вистината. Нормално е жените да се главни“ – истакна Алардајс за англиските медиуми.
Во една таква ситуација, во преден план во трката по Жиру останува Вест хем, чии челници се подготвени да му гарантираат првотимски статус за да го убедат да им се приклучи на „чеканите“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА