Тешкиот поразот и елиминацијата на ПСЖ од Барселона ги погоди фудбалерите на францускиот тим, но ги погоди и нивните понежни половини. Сопругите на фудбалерите на ПСЖ застанаа во одбрана на своите и го нападнаа судијата Дениз Ајтекин.
Сопругата на Тиаго Силва, Изабела, на својот профил на Инстаграм немаше милост за германскиот делител на правдата.
„Срамота е да се случат толку големи судиски грешки на натпревар од вакво значење. Му честитам на ПСЖ на чесната игра. Главата горе и одиме понатаму“, напиша Изабела Силва.
На Инстаграм таа ја објави и спорната ситуација при вториот досуден пенал за Барселона кога Луис Суарез падна во шеснаесетникот.
„Да се загуби во фудбалот не е најлошата работа што може да ти се случи, најлоша работа е да се изгуби на нечесен начин. Ова беше натпревар на грешки“, истакнува сопругата на Тиаго Силва.
Ако е за некоја утеха, фудбалерите на ПСЖ по дебаклот во Барселона можат да бидат горди на своите сопругите кои застанаа во нивна одбрана во еден од најтешките порази што го доживеал еден клуб во Лигата на шампионите.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА