Сопственичката на Лејкерс открива: Го донесовме Дончиќ во Лос Анџелес за да го запре Јокиќ

Сопственичката на Лос Анџелес Лејкерс, Џини Бас на интересен начин го прокоментира трејдот помеѓу Ентони Дејвис и Лука Дончиќ кој ја шокираше кошаркарската јавнсот.

Зад истиот се крие идејата конечно да бидат совладани Денвер и Никола Јокиќ во плеј-офот со оглед на тоа што во претходните две сезони составот од Колорадо славеше со 4-1 во конференциското финале и 4-0 во првата рунда.

„Се откажавме од многу работи само да го доведеме Лука Дончиќ. Среќни сме зошто тој сега е кај нас. Последните три години во низа губевме од Денвер во плеј-офот и немаше никакви назнаки дека оваа сезона ќе биде различно“, откри Бас која додаде и дека Дејвис воошто не бил среќен во Лејкерс.

„Ентони Дејвис се жалеше за позицијата на која игра и не беше среќен па мислам дека на крајот се испадна позитивно за двата тима. Го добивме тоа што го посакувавме. Не мислев дека ќе биде тоа бомбастична вест за целиот свет, но тоа е моќта на брејдот Лејекрс и неговите способности да ги привлече најголемите имиња кои сакаат да испишат поглавие во историјата на тимот“

Се вчитува...