Сопственикот и тим менаџерот на Мото2 тимот Кифер рејсинг, Стефан Кифер е пронајден мртов во својата хотелска соба во Малезија, каде се одржува големата награда на МотоГП во Сепанг. Според информациите, тој починал ноќеска, додека причина за неговата смрт се уште не е потврдена, малазиската полиција веднаш започна истрага.
Германскиот тим се подготвувал за денешниот тренинг кога дознале за смртта на нивниот тим менаџер, возачите Доминик Егертер и Таран Мекензи требаше да учествуваат на последниот тренинг пред квалификациите, но тимот одлучи да се повлече од Гранд при-то за овој викенд.
Засега не се знае што ќе се случува во иднина со Кифер рејсинг тимот, кој активно се натпреварува од 2003 година. Тимот ќе го водат партнерот и синот на починатиот Кифер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА