Сопственикот на Гостивар донираше еден милион денари за семејствата на жртвите во Кочани

Фудбалот обединува во тешките моменти за нашата држава, нов пример за тоа е денешниот пријателски меч што беше одигран во Виноца меѓу домашната Слога и екипата на Гостивар.

Натпреварот почна со едноминутно молчење, сите приходи од влезниците и собраните средства од гледачите (вкупно 34.110 денари) ќе бидат донирани на семејствата на жртвите во трагедијата, а мора да се истакне и гестот на сопственикот на ФК Гостивар, кој донираше дополнителни еден милион денари за оние кои ги загубија најблиските во големата трагедија во Кочани.

Емотивно беше, особено во 59. минута кога главниот судија Александар Ананиев од Кочани за момент го прекина натпреварот, во чест на 59-те жртви во страшна несреќа.

Се вчитува...