Сопственикот на Јунајтед „побегна“ и одби да им се извини на навивачите (ВИДЕО)

Сопственикот на Манчестер јунајтед Аврам Глејзер одби да им се извини на навивачите на англискиот тим поради обидот за отцепување од Лигата на шампионите и формирањето на Суперлигата.

Новинарка на „Скај спорт“ се обиде да добие изјава од Глејзер, но како што се гледа на снимката тој упорно одбиваше било што да каже, по што влезе во својот автомобил и замина.

Поради протестите на најверните навивачи на Јунајтед и упадот на „Олд трафорд“ неделниот дерби натпревар со Ливерпул беше одложен.

 

Се вчитува...