Сопственикот на Лацио, Клаудио Лотито уште една ја изненади спортската јавност, овој пат барајќи помош за кризата со повредени играчи која придонесе и за лоши резултати од страна на свештено лице.
Кризата на Лацио трае од поразот од Рома во градското дерби по што следеа низа на повредени фудбалери. Во еден момент листата на повредени броеше дури десет лица што предизвика сериозни проблеми кај тренерот и стручниот штаб.
Лотито се одлучи за алтернативно решение, барајќи помош од свештеник бидејќи верува дека немилите настани кои траат веќе два месеци се темелат на лоша енергија која ја опкружува екипата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

