Џим Ретклиф, сопственикот на 27 отсто од акциите во Манчестер Јунајтед кој активно учствува во водењето на политиката на клубот забележа огромна финансиска загуба во последната година.
Според „Тајмс“ загубата на „Инеос“, групацијата во сопственост на Ретклиф има загуба од 6.43 милијарди фунти во последната година што е малку повеќе од четвртина од неговото проценето богатство.
Ретклиф кој со својата групација го превзема клубот во 2023 година во минатото тврдеше дека финансиските загуби нема да се одразат на клубот, но по неговото превземање следеа непопуларни одлуки за заштеда на буџетот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

